Припадници на „Златна зора” вчера упаднаа насилно во зградата на општината на Солун и извикуваа „Македонија е грчка”. Тие извикуваа навреди против Македонија и фрлаа летоци во салата на општината за време на одржување на седница.
Меѓу приврзаниците на „Златна зора“ кои влегоа во општинската зграда, двајца се и пратеници во грчкиот парламент, јавија грчки медиуми.