„Македонија е грчка“ – ечеше на протестот во Атина против Договорот од Преспа


Со слогани и паноа дека Македонија е грчка, со извици против владата и против Договорот за името од Преспа, со пораки до политичарите дека се предавници, Грци протестираат пред грчкиот Парламент на новиот собир за „одбрана на името Македонија”.

„Скопјане, Скопјане никогаш нема да го земеш името”, „Предавници” „Македонија е грчка“ се дел од извиците на протестот.

Дел од демонстрантите не се особено љубезни кон новинарите, а на новинарска екипа од една грчка телевизија не и беше дозволено да се вклучи во живо од протестот.

Меѓу насобраните има и припадници на Златна зора кои делеа и фрлаа флаери со порака дека Македонија е грчка, политичарите се предавници, а единствена надеж за земјата е Златна зора.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1