Македонија го растури Исланд и обезбеди пласман на Европското првенство


Со победата од 21:15 во дуелот против Исланд, македонската ракометна репрезентација до 20 години го освои првото место во квалификациската група за пласман на завршницата од Европскиот шампионат што годинава ќе се одржи во Австрија.

makedonija-junioriНашата млада селекција одигра уште извонреден натпревар во полната сала на СРЦ Кале и сосема заслужено го совлада Исланд.

Најефикасен во нашиот тим повторно беше Филип Талевски кој постигна 11 гола, Мартин Манасков четири пати се запиша во листата на стрелците, а извонреден на голот на нашиот тим беше Филип Ивановски со 14 интервенции.

Во составот на Исланд прв стрелец со три гола беше Оскар Олафсон.

Македонија со максимален учинок во трите средби го освои првото во групата и обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Австрија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1