Македонија има најевтина струја во регионот


Моменталната ситуација во Македонија е доста поволна бидејќи цената на електрична енергија е најевтина во цел регион, вели за ТВ Нова Ѓорги Манасков од Сојузот на стопански комори.Screenshot_23

-Со статистика Македонија има најдобра клима во делот на енергетика и најевтина цена на струјата во регионот. Во енергетскиот дел во Македонија веќе со години се знае дека е голем престиж да се најде начин и домашни компании, а не само странски, да почнат со сопствено производство на електрична енергија. Бараат начини дали преку ветерници, хидроелектрани, биогас да најдат начин да направат електрична енергија, изјави Манасков во дебатата на ТВ Нова.

Тој појаснува дека одреден број на компании инвестирааат во Македонија, отвараат компании и понатаму се шират затоа што електричната енергија е клучен фактор за отпочнување на секој бизнис.

Целата дебата погледнете ја на – ТВ Нова

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1