Македонија – Легендите за островот Голем Град (Видео)


Големиот Град, распослан како голема школка среде Преспанското Езеро, е единствен и пуст остров во Македонија. Само на две места, на северозападниот и на југоисточниот крај, постојат мали плажи и пукнатини во карпите, кај кои може да се пристигне со чамец и да се искачи горе на островот. Убавите предели на Македонија ги истражува и пренесува сајтот Еxploring.mk.

20122101-golem-gradОстровот лежи скриен во езерото, со идеални можности да послужи како збег на луѓето од брегот во повеќе наврати во минатото.

Се претпоставува дека во античкиот период тука живеело македонското племе Орести, за кое сведочат ископаните гробови на свештеници. На островот постоел континуиран живот од дваесетина века и манастирски живот кој се одвивал од X до XIV век. Меѓу пронајдените цркви, особено е интересна онаа која била подигната и живописана во XV век врз темели од римска цистерна за вода.

Голем Град е едно од најатрактивните места, со остатоци од населби од неолитот, хеленистичкото и римското време, некропола од римскиот период и средновековието, како и со откриените шест цркви од некогаш постојните дванаесет.

Постојат многу легенди за островот. Една од нив кажува дека царот Самуил имал ќерка Преспана, која живеела во крајбрежното село Царев Двор.

golemgrad-moz4Била надалеку позната по својата мудрост, убавина и храброст. Кога разбрал еден византиски дворјанин, според некои преданија цар Василиј, решил да ја побара нејзината рака. Кога дошол по неа, не сакајќи да стане сопруга на противникот на нејзиниот татко, Преспана се фрлила во езерото. Оттогаш до ден денешен тоа езеро се вика по неа – Преспа.

Една друга легенда вели дека Крали Марко, додека се шетал покрај Преспанското Езеро, посакал да го види и езерцето Мала Преспа. Се качил на еден камен и, така силен, на него оставил отпечаток од стапалото. Тоа парче карпа и денес стои таму, на граничниот премин со Грција, кој и го носи неговото име и привлекува голем број туристи. Велат, ако го ставите своето стапало, ќе забележите дека Марко сигурно носел обувки барем со број 90.

Повеќе фотографии и информации за нашата прекрасна Македонија на – Еxploring.mk

Документарен филм  Голем град – Преспанско езеро

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1