Трагедија за Велики Петок во Македонија. Вчера околу 11 часот во Полициската станица Кавадарци, од Општа болница Кавадарци пријавиле дека кај нив од Итната помош Неготино околу 09 часот и 45 минути, го донеле 30-годишниот Александар Т. од Неготино кој по кратко време починал.
Според податоците од полицијата, на телото немало видливи повреди од насилство.
Од страна на Јавен обвинител од Велес било наредено телото на починатиот да биде предадено за обдукција.
Увид на местото на настано извршила полицијата.