Македонија на дното на листата – имаме најлоша слобода на медиумите


Македонија го достигна европското дно на листата на Репортери без граници во однос на слободата на информирањето. За само една година Македонија паднала за дури 22 места на листата, најмногу од сите држави на континентот.

CENZURAМакедонија е на 116. место меѓу 179 земји во светот во однос на слободата на информирањето, зад нас од Европа се само Украина, Русија, Турција и Белорусија. Во светски рамки, друштво на табелата на Македонија и’ прават Нигерија и Венецуела, а од регионот најблиску до состојбата во земјата е Црна Гора која се најде на 113. место.

Во втората „стотка“ на табелата е единствено уште Албанија, на 102. место, а сите останати земји од регионот, вклучително и Косово, се меѓу првите сто земји. Во регионот, напредок бележат Хрватска (за 4 места), и Србија за 17 места на табелата.

Недостаток на пристап до јавни информации, физичко и психолошко насилство врз оние кои работат на вестите и информациите, употреба на јавните и приватни маркетиншки пазари како алатки, контрола на „сивата“ економија врз клучни делови од медиумите – се само дел од жалното сценарио во Македонија се вели во извештајот.

Први на листата земји со најдобар индекс и годинава се Финска, Холандија и Норвешка. На дното на листата и годинава се најдоа Еритреја, Северна Кореја, Туркменистан и Сирија.

Извор – DW

karta mediumi

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1