Македонија наскоро добива национален авиопревозник


По долги години пауза, Македонија добива национален авиопревозник. Ваква одлука донесе Владата на синоќешната седница.

avion„Кога Република Македонија има модерни аеродроми, кога минатата година се постигна бројот од милион превезени патници, одлучивме да започнеме процедура пред се да го испитаме интересот на меѓународните светски познати компании да воспостават база во Македонија“, рече во интервју за првиот Дневник на МРТ, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во соработка со консултант кој ќе ја води оваа постапка, прв чекор ќе биде истражувањето на пазарот и испитување на интересот на светски познатите компании да воспостават база во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1