Македонија под уставно име на интернет страната на грчка општина


Голема врева се крена во грчките медиуми поради тоа што на официјалната интернет страна на општината Пела, на мапата, Република Македонија е претставена под уставното име, а времената референца ја има во заграда, јавува Нетпрес.

Како што пишува Нетпрес, порталот на грчката општина „Њузбомб” излегол со коментар – „во оваа земја ( Грција ) со сопствени раце си ги вадиме очите”.

gr_portal-500-Оние кои што сакаат да ја посетат Пела или да научат за археолошките ископини во областа, ќе ги дочека големо изненадување, коментира порталот, објаснувајќи дека на мапата за туристи наместо како што велат „Скопје“ стои Македонија.

Од општината велат дека тоа не е нивна вина, бидејќи ја користеле мапата на Гугл.

„Њузбомб“ додава дека прашањето не е толку едноставно со оглед на тоа што таму се наоѓале светите археолошки ископини на Македонците.

Порталот оди до таму што тврди дека Албанците, Македонците и Турците се обидувале да зграбат парче земја од Грција.

 izvor – netpress

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1