Македонија пријавена за расизам – ФИФА го истражува мечот со Шкотска


Светската фудбалска федерација (ФИФА), најавила дека ќе покрене истрага за наводни расистички навреди на македонските навивачи, за време на натпреварот со Шкотска, кој се одигра во вторникот.

fudbal makedonija skotskaИнаку, ФИФА ќе постапува по пријавата на Антирасистичката организација ФАРЕ, според чии извештај, наводно мета на раститчките навреди бил крилниот напаѓач на Шкотска Икечи Аниа.

Еден од најдобрите играчи на споменатиот меч е роден во Глазгов, неговиот татко е Нигериец додека неговата мајка е Романка.

Аниа го постигна првиот гол во Скопје против Македонија, а на крајот Шкотска победи со 2-1. Доколку наводите на ФАРЕ се вистинити тогаш Фудбалскиот сојуз на Македонија ќе се соочи со ригорозна казна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1