Македонија против Чешка, Лазаров неизвесен


Македонската ракометна репрезентација вечер од 20 часот и 30 минути во Вараждин против Чешка ќе го одигра својот втор дуел од втората фаза на Европското првенство.

Од исходот на овој натпревар зависи дали Македонија ќе ги задржи шансите за полуфинале. За да се случи тоа „црвено-жолтите“ мораат да победат, а дали ќе триумфираат во голема мера ќе зависи дали ќе игра капитенот Кирил Лазаров.

По вчерашните медицински прегледи и снимки во Загреб, не беше решена дилемата дали Лазаров ќе му биде на располагање на селекторот Раул Гонзалес. Од таборот на нашата репрезентација уверуваат дека се што е во нивна моќ ќе направат Лазаров да биде на теренот, но сепак тоа ќе зависи од видот и тежината на повредата.

Се очекува на теренот да се врати Филип Миркуловски кој беше поштеден на неделната средба со Шпанија.

Со евентуална победа, Македонија ќе остане во игра за висок пласман.

Табела Група 2: Данска 6 бода (4 натпревари), Шпанија 4 (3), Германија 4 (4), Македонија 3 (3), Чешка 2 (3) и Словенија 1 (3).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1