Македонија во Евроспката Унија?! ЦИА тврди дека нема време, ЕУ ќе се распадне до 2020


ЕУ ќе се распадне, по што Европа ќе се подели на три блока. Ова се предвидувањата на американскиот национален совет за информирање, кој во соработка со ЦИА ја објави „Мапата на иднината – 2020 година“, пишува порталот start.mk. Западниот би го чинеле Германија, Франција, Велика Британија, Ирска, Австрија, Италија, Шпанија, земјите од Бенелуксот и Скандинавските држави.mk i eu

Другата Унија би била Нова Европа чии членки според предвидувањата се Естонија, Летонија, Литванија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија како и Словенија и Хрватска на југот преку кои „католичката источна Европа“ би имала излез на Медитеранот. Атлантскиот сојуз, според предвидувањата на Американците, би требало да има контрола над овој дел од Европа.

Според start.mk, источна Европа, односно со „Православнавната унија“ ќе господари Русија, а ќе ја сочинуваат Украина, Белорусија, Грузија, Молдавија, Романија, Бугарија, Грција, Македонија, Србија, Црна Гора, но и Босна и Херцеговина. Кога Албанија е во прашање, проценките на Американците се поделени – или Русија со својот капитал ќе ја приближи до источна Европа или ќе остане под контрола на НАТО и САД.

Слични предвидувања изнела и познатата американска невладина организација „Стратфор“. Покрај Русија како регионална сила, тие сметаат дека ЕУ наскоро ќе се распадне на два дела, и тоа: побогат западен дел и група на мали земји во централна Европа кои воено ќе му се приклонат на Вашингтон. „Православната унија“ нема повеќе да постои заради „православното братство“, туку ќе биде „гасна унија“ чија основна цел на формирањето ќе бидат финансиите.

Геополитичките стручњаци се сложуваат дека доаѓа времето на повеќеполарен систем, со неколку центри на моќ и дека САД и НАТО во инднина нема да ја водат главната улога на секоја сцена, пишува порталот start.mk, потсетувајќи на желбите на НАТО сојузот за поставување на антиракетен штит во Чешка и Полска и ширење на Алијансата во Грузија и Украина, теми кои денес никој не ги споменува.

Се поизвесно е дека Русија станува апсолутен господар на енергенсите. Гасоводот „Набуко“, проект вреден повеќе од милијарда евра кој би требало да ја намали зависноста на ЕУ од Рускиот гас, е тргнат од листата на приоритети на Брисел и тоа на инсистирање на Ангела Меркел.Во текстот на strat.mk се вели дека смртоносниот удар на овој прокет го задал скорешниот договор помеѓу азербеџанското раководство и рускиот магнат „Гаспром“, според кој Азербеџан, од кого се очекува да стане снабдувач на Набуко, се определил за гасен сојуз со Москва.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1