Македонија воведе забрана за увоз на месо од бразилски фирми


Македонија воведува официјална забрана за увоз на пилешко и говедско месо од Бразил од одреден број на компании, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство на својата веб страница. Оваа забрана ја вовела Евроспаката унија, а според информациите, земјава ги следи нивните чекори.

Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение информира дека во соработка со дипломатското преставништво на земјава во Бразил ја извести Стопанската комора на Македонија, со цел да се информираат фирмите кои увезуваат пилешко и говедско месо од Бразил за можноста од појава на внесување на небезбедно месо.

Од страна на Агенцијата преземени се соодветни превентивни мерки и засилни контролни активности на граничните премини на сите видови на пратки кои потекнуваат од Бразил. Од сите пратки, без исклучок земени се мостри за лабораториски анализи за утврдување на безбедноста на пратката. Пратките се одобруваат за увоз по добивање на задоволителни лабораториски наоди, што гарантира дека се безбедни за употреба. Агецијата ќе продолжи со засилени контроли во наредниот период.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1