Ракометната репрезаентација загуби од Чешка со 25:24 и со тоа ги загуби шансите за пласман во полуфиналето.
Македонија испушти победа. Нашата репрезентација водеше 55 минути, но во финишот на дуелот противникот беше поумешен и стигна до триумф.
Натпреварот со Чешка го одигравме без капитенот Лазаров кој само ги изведуваше пеналите.
Македонија беше подобра во најголем дел од мечот.. Водеше и со пет голови разлика, но потоа дозволи Чешка да ја стигне и во една драматична завршница да победи со 25:24.
Утре Македонија од 18:15 часот ќе игра против Данска, која е прва во групата со 6 бодови, Шпанија, Германија и Чешка имаат по 4, Македонија 3, колку и Словенија.