Македонијо гласај: Неодоливиот Трајче Горгиев вечер во живо на „Пинкови ѕвездички“ (ВИДЕО)


Во првата полуфинална емисија на првата сезона од талент натпреварот  „Пинкови ѕвездички“ натпреварувачите ќе дадат се од себе. Но, овојпат за тоа кој ќе продолжи понатаму, нема да одлучува веќе познатото жири, туку гледачите со нивните гласови.

Вечерва 16 „Пинкови ѕвездички“ ќе пеат во живо, а меѓу нив е и нашиот неодолив Трајче Горгиев кој на својот Фејсбук профил побара поддршка.1trajce.jpg500

14 годишниот Трајче со својот неверојатен талент и ангелски глас за кратко време успеа да го освои регионот. Нема кој не го забележа неговиот специфичен глас и музички квалитет на кои Македонија е горда.

40 епизода од „Пинкови ѕвездички“ ќе може да ја гледате вечерва во 20 часот на ТВ Сител. Трајче настапува под реден број седум, а ние сме тука да гласаме и да му дадеме целосна поддршка.

Македонијо, Трајче е нашиот единствен претставник, затоа вечерва дајте го вашиот глас, за да може повторно да се гордееме на неговите фантастични изведби.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1