20-годишната Сара Симоновска од Куманово, која што живее и студира во САД доби уште едно ново високо признание со кое може да се гордее цела Македонија.
Инаку, Сара средното образование го заврши во едно од најтешките средни музички училишта во светот – „Interlochen“.
Таа студира ударни инструменти, а изминатата година беше добитник на целосна стипендија во вредност од 50.000 долари на Универзитетот во Џексонвил, Флорида.
Сара Симоновска овој пат е прогласена за еден од најдобрите студенти во САД, нешто што не прави горди сите Македонци.