Македонска државјанка се обидела да ги измами царинците на аеродромот Александар Велики така што внела девизи без да ги пријави сите пари што ги носела.
Имено, патничката на аеродромот во Скопје слетала од Цирих и при царинската контрола пријавила дека со себе носи 1.000 франци, но при личниот претрес, под нејзината облека, врзани за градникот, пронајдени се женски чорапи со вкупно 23.000 швајцарски франци.
Согласно законот за девизно работење, на патничката ѝ биле вратени 12.000 франци- противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата.