Македонката која доби орден од кралицата Беатрикс


Светлана Мишева е родена во Пробиштип во 1944 година, а живее во Скопје од својата петта година кога нејзините родители се преселуваат во главниот град на Македонија.

svetlana(1)Таа била активен професионален член на КУД „Орце Николов“ од 1958 година во т.н. „златни години за друштвото“. Во својата кариера како играорец го обиколила светот и познатите фолклорни фестивали во Полска (Познан), Франција (Нанси и Дижон), Англија ( Ланголен) и турнеи во Белгија, Романија, Кипар, Италија и многу други земји.

Во Холандија живее над 30 години од стапувањето во брак со Дирк Бојтендајк од кој брак има три деца: Тео, Јохан и Дона.

Светлана Мишева и во Холандија продолжува да работи како педагог и ликовен уметник-реалист, а покрај сликарството изработува и македонска народна носија и накит. Таа е активен член на Македонската православна црковна општина „Св.Стефан“ од Утрехт, потпретседател на Македонската заедница во Холандија, активен член на холандската Работничка партија (PvDA-Partij van der Arbeit) и нејзин извршител на повеќе функции во општината на градот Хендрик-Идо-Амбахт.

Посебен акцент на нејзината волонтерска и хуманитарна работа се однесува на прифаќање и интеграција на бегалци од просторите на поранешна Југославија и Русија, како и нејзиниот воспитен пристап како педагог во христијанското основно училиште „De Vlaswiek“.

Во април 2009 година е одликувана од холандската кралица Беатрикс со титулата „Член на Редот Оранје-Насау“ за нејзиниот исклучителен придонес во холандското општество базирано врз принципите на хуманоста и добротворната волонтерска работа.

Извор: Агенција за иселеништво / слободен печат

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1