Македонките ги тепаа Гркинките со 5:0


Девојчиња од Kавадарци, на возраст од 10 до 11 години, станаа балкански прваци на првенството што се одржа во Србија, а набргу потоа и светски шампиони во шотокан-карате на натпреварот што деновиве се одржа во Турција

Среќни сме што го освоивме златото на Балканското првенство, а уште повеќе бидејќи ги победивме врсничките од Грција со пет спрема нула, велат кавадаречките девојчиња од ката-тимот, кои ја претставуваа Македонија и го освоија златото. Тие велат дека дале с` од себе оти им било многу важно достојно да ја претставуваат својата земја.
makedonki kavadarci

– Додека бевме на паркетот, размислувавме само на победа и на ништо друго. Сите пет судии ги дигнаа знаменцата за нас. Станавме балкански прваци како карате ката-тим, во категорија од 10 до 11 години. Нашите противнички од Грција ни честитаа по натпреварот. Застанавме на победничкиот пиедестал откако претходно без проблем ги совладавме врсничките од Србија и од Турција со резултат четири спрема еден – раскажуваат Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска, кои беа дел од македонскиот тим.

Девојчињата со возбуда зборуваат за чинот кога се качиле на победничкиот трон.

– Солзи ни надојдоа во моментите, кога публиката силно аплаудираше за нас. Бевме завиткани со македонското знаме и цврсто го држевме златниот медал. Kога почна да се интонира македонската химна ни дојдоа солзи од радост и возбуда. Бевме горди што сме Македонки. Ние сме млади, спортисти, не знаеме многу за политика, но ни годи што сме најдобри и што ја претставуваме нашата земја – велат младите каратистки.

Тие деновиве се спортски херои во Kавадарци. За само неколку дена по Балканското првенство што се одржа во Србија, тие го освоија и златото на Светското првенство во шотокан-карате во Турција. Затоа ги нарекуваа „златни девојчиња“.

Целата сторија на – Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1