Македонките раѓаат и на 14 и на 49 години – лани се родиле 129 пара близнаци и 4 тројки


На Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје во 2013 година се родиле четири тројки и 129 пара близнаци, а реализирани се и се 57 ин витро оплодувања пишува Вечер.

bebe-u-porodilištuВо Македонија изминативе неколку години се раѓаат по околу 23.000 бебиња годишно. Од овој број повеќето се машки, односно односот е 52:48 или на 100 живородени женски деца 108 се машки.

До средината на декември на Клиниката за гинекологија се родија 5.451 новороденчиња од кои 1.489 со царски рез, а останатите 3.962 бебиња се дојдени на свет со спонтани породувања. Од Гинекологија, исто така, информираат дека годинава се родиле и четири тројки и 129 пара близнаци.

Интересни се податоците кои зборуваат за старосната структура на родилките, бидејќи годинава тинејџерка на возраст од 14 години донела на свет живородено бебе. Најстарата родилка имала 49 години. На оваа клиника годинава се реализирани 57 ин витро оплодувања.
Од Фондот за здравствено осигурување на Македонија велат дека вештачкото оплодување за осигуреничките е бесплатно и за таа цел од нивниот буџет се одвојуваат околу 60 милиони денари. Годишно за оваа услуга се доставуваат од 800 до 900 барања кои се реализираат и во јавните и во приватните болници.

– Околу 35,1% од живородените деца се од мајки кои се на возраст од 25 до 29 години, потоа следуваат мајки на возраст од 30 до 34 години со 25,1%, а на мајките од 20 до 24 години уделот во вкупниот колач е 23,8%. Просечната возраст на мајката која за прв пат родила е 28,1 години – анализираат статистичарите и дополнуваат дека лани се регистрирани 26 живородени деца од мајки на возраст под 15 години, како и 2.742 вонбрачни бебиња.

Најмногу бебиња или 33,9% се родиле во Скопскиот регион, а најмалку во источниот регион на Македонија, каде што процентот е едвај 7 отсто од вкупните раѓања.

Повеќе на – Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1