Македонска работа: Од одење по бајачи и гатачи стигнуваат до психијатрија


Во Македонија има голем број бајачи и гатачи кои наводно можат да ви помогнат доколку имате здрвствен проблем, да ви помогнат да најдете работа.

Голем дел од нив тврдат дека на сон им се прикажало да изградат црква на одредено место, да откријат некоја света вода и така затскривајќи се свесно или несвесно зад религијата тие ги мамат  луѓето да побараат од нив помош за својата мака, а, се разбира, услугите ги наплатуваат.gatanje dlanka gatacka

Многумина кои имале контакт со такви лица,  ми се обратија на телефон, на „Фејсбук“ и  кај мене во црква, да ми кажат дека сфатиле дека биле во сериозно духовно ропство кое кај многумина причинило сериозни душевни и ментални пореметувања. Некои од нив завршиле и во болница. Многу од нив имаат крајно нарушени брачни и семејни односи, затоа што кога имаш работа со ѓаволот тој нема да ти помогне туку има за цел да те уништи. Една тотална деструкција. Злото знае да се маскира. Многу од овие гатачи, бајачи, јасновидци, ставаат икони, градат цркви и  со тие нешта ги заведуваат лесноумите и лесноверните, кои пак, одејќи кај нив навлегуваат во една крајно проблематична душевна состојба, вели отец Ивица.

Кај оние кои се навлекле на баајачи и гатачи, последицата е стравот, опседнатоста со тоа што ќе им се случи, од кого ќе им се случи. Бајачите и гатачите им велат дека ќе им кажат од каде им е проблемот, кој им направил магија и луѓето почнуваат да чувствуваат страв. Тие им тврдат дека знаат да им јаа „разбијат“ магијата. Човекот кога повторно ќе се соочи со проблем, нема да го лоцира во себе, туку пак оди кај бајачи и гатачи и така се создава зависност од нив. И нарко-дилерите и бајачите и гатачите ги носат луѓето во душевна пропаст, вели отец Ивица.

МИА

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1