Се осмеливме, затоа што сакаме успеси, македонски успеси. Ние се определивме за иднина. Затоа стигнавме денес тука. Нека биде Преспа патека кон нашата европска иднина, напиша премиерот Зоран Заев, кој заедно со останатиот дел од македонската делегација со брод се упатија кон Нивици.
Таму ќе следува потпишувањето на историскиот договор со Грција.