Македонската естрада денес ќе пее за помош на Србија и БиХ


Хуманитарниот концерт кој го организира Владата на Република Македонија на кој ќе учествуваат македонските музички ѕвезди, утре ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а средствата од продадените карти ќе бидат наменети за поплавените области.

koncert-620x350-Јас се надевам дека и на хуманитарниот концерт кој што почнува во 19 часот во салата „Борис Трајковски“, сите заеднички ќе присуствуваме и ќе дадеме придонес со купениот билет, заедно со сите македонски ѕвезди кои се вклучени во овој хуманитарен концерт, изјави Канческа-Милевска.

Таа потенцираше дека за време на хуманитарниот концерт ќе бидат отворени телефонски линии преку сите оператори, со што граѓаните ќе можат да донираат средства и преку телефон.

-Граѓаните исто така ќе можат да донираат средства преку овие телефонски линии од отворениот „кол центар“, каде што ќе има присуство на голем број на спортисти, уметници и јавни личности кои ќе одговараат на тие повици. Ќе биде отворена и жиро сметка на Црвениот крст, доколку се работи за поголеми донации, додаде министерката за култура.

Канческа Милевска истакна дека на хуманитарниот концерт ќе има над 30 учесници, а истиот  ќе биде пренесуван во живо на МТВ и на сателитскиот канал.

Министерката за култура, воедно истакна дека во насока на хуманитарната акција, ја донира својата плата за загрозените од поплавените области во регионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1