Иако познатите личности имаат многу сличности, како што се популарноста и медиумското внимание, голем дел од нив, наместо да се поддржуваат меѓусебно, се мразат и се расправаат јавно.
Иако познатите личности имаат многу сличности, како што се популарноста и медиумското внимание, голем дел од нив, наместо да се поддржуваат меѓусебно, се мразат и се расправаат јавно.
Ситните кавги и сериозните ривалства се честа појава меѓу нив, а искрените пријателства се се поретки. Во светски рамки смртни непријатели се Џастин Бибер и Орландо Блум, Гвинет Палтроу и Марта Стјуарт, Ким Кардашијан и Сара Мишел Гелар…
Саманта и Ирена Спасовска
И кај нас не е ништо поразлично.Караници и јавни препукувања има колку сакаш. Саманта и Ирена Спасовска, Сузана Гавазова и Елена Велевска, Елена Ристеска и Боки 13 се само дел од познатите кои важат за лути ривали кои не можат да се поднесат и не сакаат очи да си видат.
Пејачките веќе неколку години очи не сакаат да си видат. Причина за тоа е партнерот на Ирена – Орце Гелевски. Имено, Саманта и Орце не прават муабет веќе долги години поради тоа што, наводно, Орце и ветил победа на “Фолк фест Валандово# и и зел пари, а потоа наградата и ја дал на Ирена, а неа ја оставил со празни раце.
После тоа следуваа низа јавни препукувања, а Саманта дури го обвини Орце дека и го полил автомобилот со солна киселина и и ги исекол гумите, а за тоа приложи и доказ од безбедносните снимки од камерите пред нејзиниот дом. И покрај тоа што најавуваше тужби, на суд уште немаат отидено.
Елена Велевска и Сузана Гавазова
Додека беа на почетоците од своите кариери фолкерките Гавазова и Велевска беа најдобри другарки, цимерки, делеа ист микрофон низ кафеаните по струмичката околија… Заедно настапуваа и собираа бакшиш, а откако снимија албуми и почнаа да ги препознаваат по улици, се фатија за коса. Се закараа, па почнаа јавно да се прозиваат.
Еднава, демек, велела Хамстел и Ајнекен, а другава правела на се “копи-пејст#. Како причина за кавгите се наведуваше љубомората, и тоа од двете страни. Сепак, во моментов тие се во добри односи или барем така тврди Гавазова, која ја покани на свадба ексривалката Елена, која, наводно, поради веќе договорен настап била спречена да дојде.
Елена Ристеска и Боки 13
Боки 13 четири години се тужеше со Елена Ристеска. Причина за тоа беше изјавата на шоуменот, кој ја обвини пејачката дека му е љубовница на продуцентот Дарко Димитров. Судскиот спор на крај заврши со пресуда во корист на ексклузивката на “М2”, а Боки плати отштета од 24 илјади денари.
Сител