Преку отворено писмо до македонските државни институции и граѓани, Македонскиот манифест бара државните институции на Република Македонија да ја укинат активноста на Соросовите деструктивни активности, бидејќи според нив е повеќе од очигледно дека тие долго време се насочени против македонскиот суверенитет и идентитет.
Здружението во чие работење делуваат истакнати интелектуалци, универзитетски професори, академици и научници пишуваат дека со години наназад, чадорот невладини организации на соросовото „отворено општество“ преставува скапо платена и брендирана герила која работи против националните интереси на Република Македонија.
– Со пет милиони долари годишно добиени од светскиот милијардер и берзански шпекулант Џорџ Сорос, активистите на „отворено општество“, дејствуваат како политичка партија која затскриена зад флоскулите „граѓански права“, „слобода и демократија“, всушност ја тераат политичката агенда на нивниот финансиер чии интереси воопшто не се поклопуваат со македонските, пишува во отвореното писмо.
Од македонскио манифест оценуваат дека овие организации се против зачувување на нашето име и идентитет. Тие во писмото потсетуваат на дејствувањето, како што велат на платената соросова медиумска фабрика за време на терористичките напади во Дива населба, кога се ширеле лаги за да се создаде немир и паника за да се нанесе штета на државата. Со наметнатиот поим антиквизација оценуваат од македонскиот манифест се води кампања за расцеп во македонското битие. Тоа што СДСМ ја прифатиле соросовата антиквизација, од која корист имала само грчката шовинистичка политика, според ова здружение допринело за урнисување на нивниот рејтинг
– Македонските граѓани мора да знаат дека странските пари секогаш имаат сопствен интерес. За туѓи бели дворови, си копаме црни гробови, Затоа воопшто да не ве чуди што дејствувањето на соросовите активисти речиси секогаш се поклопува со ставовите на странските амбасадори и светските центри на моќ, а против македонските национални интереси.
Сакаме ли и ние да звршиме како Египет, Сирија и Украина, прашуваат во писмото испратено до државните институции и граѓаните.