Македонски нуркачи ја истражуваат пештерата Врело


Македонските нуркачи од клубот „Акватек“ и спелео- нуркачкиот клуб „Врело“ ја продолжија својата истражувачка експедиција во пештерата Врело на Матка. Нуркачите од овие клубови истражуваа нови премини и нови делови на подводната пештера во должина до 200 метри, како и кај пределот околу салата наречена Пеони, која се наоѓа на 150 метри под влезот на пештерата. Целта на оваа домашна експедиција е истражување и скицирање на подводно подземните канали на Врело. Vrelo_Matka_CaveDIving_nurkac pestera

– Македонските нуркачи во изминатиот период инвестираа во своето знаење и обука за техники во пештерското нуркање и се здобија со сертификати од светската организација „TDI- SDI“. Горди сме што можеме да се пофалиме со овие сертификати и предзнаењето за овој вид на нуркање па затоа на следната поголема експедиција ќе може да нуркаме рамо до рамо со странските експерти кои ја истражуваа Врело. Како што знаете, пештерата досега е истражувана на неколку пати, меѓутоа само од странски нуркачи сертифицирани за пештерско нуркање- вели Киро Анѓелески, претседател на спелео- нуркачкиот клуб „Врело“.

Овие експедиции се само увертира и подготовка за проектите кои домашните нуркачи треба да ги реализираат до крајот на годината.Vrelo_Matka_CaveDIving nurkac pestera4

– Целта на овие експедиции е да се стигне до што подлабока точка и да се истражи што поголем дел од пештерата. Досега на неколкупати сме нуркале во различни делови на подводната пештера, каде што сме земале примероци од водата на различни длабочини, како би можела истата да се испита за постоењето на ендемски видови. Но покрај истражувачка работа овие нуркања ги користиме и како тренинг за да можеме кон крајот на годината да направиме уште една, овој пат, интернационална експедиција и во целост да можеме да ја истражиме Врело- вели Даниел Атанасовски, претседател на „Акватек“ и додава дека од круцијално значење е надлежните министерства и домашните компании финансиски да ги подржуваат ваквите експедиции за да можат тие да бидат успешни и да донесат што повеќе резултати.Vrelo_Matka_CaveDIving nurkac pestera3

„Освен прибирање на податоци од пештерите, придобивката е голема и за развојот на овој вид на туризам и промовирањето на македонските пештерски убавини кои се многу атрактивни за светски признаените спелеолози“- завршува Атанасовски.

Нуркачите напоредно, покрај истражување на Врело, се подготвуваат и за поголема експедиција која ќе се случи кон крајот на летото во пештерата Ѓоновица, Гостивар. Оваа пештера е помалку позната на јавноста и досега не била истражувана од нуркачи, па затоа клубовите „Акватек“ и „Врело“ ќе пробаат со неколку експедиции да ги откријат нејзините подземни пространства како и можноста за постоење од животински свет.

Киро Ангелески е активен и долгогодишен претседател на спелео- нуркачкиот клуб „Врело“, искусен технички нуркач за пештерско нуркање од светски признатата организација TDI SDI ERDI (tdisdi.com). Организатор на сите домашни и интернационални спеленуркачки експедиции во Македонија.

Даниел Атанасовски е сертифициран иснтруктор за нуркање од светски признатата организација TDI SDI ERDI (tdisdi.com), технички нуркач за пештерско нуркање, како и основач и претседател на нуркачкиот клуб „Акватек“.

Останатите членови на македонската спелеонуркачка експедиција се Игор Петрушевски и Гоце Димитриевски, сертифицирани нуркачи за пештерско нуркање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1