Македонски полицаец: И мене дома ме чека некој…


Влезе во кафичот во униформа која изгледаше тешко и неудобно и порача две макијата за носење.policija protest

Ме праша „Девојче ќе треба ли да чекам долго? И нашево не се знае веќе“. Го прашав дали е од специјалните полициските единици кој го обезбедуваат протестот. Ми одговори потврдно со тажен тон велејќи дека ова што се случува е надвор од сите граници. „Го поддржувам протестот, но не насилството, особено не врз полицијата. Не постојат страни, но ние сме нивни партнери во вакви ситуации.“, а потоа воздивна и рече „Знаете, и мене дома некој ме чека“. Во овој момент кафето веќе беше готово, ми плати и остави бакшиш и замина набрзина. Не сум јас таа што заслужуваше бакшиш, тој треба да биде награден. Или барем безбеден. А во таа толпа луѓе со измешани емоции не беше ни едното ни другото…

Exclusive.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1