Во организација на Здружението на пчелари „Радилица“ од Славонија во Осијек, Хрватска се одржа петтото меѓународно оценување на квалитетот на произведениот мед.
На оваа презентација учествуваа и тројца пчелари од општина Виница, Илчо Костадинов, Марјан Ефремов и Киро Арсов кои се вратија со освоени златни медали.
– На презентацијата учествувавме со медот произведен во виничкиот крај. Пред комисијата понудивме повеќе видови на оригинален планински мед и комисијата го оцени како најквалитетен во меѓународни рамки, изјави пчеларот Илчо Костадинов.
На овој меѓународен натпревар биле претставени 68 примерици од мед од Република Хрватска и 22 примероци од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Србија.
На натпреварот се оценувало присуството на влага во медот според европски стандарди.
Kurir