Македонски возач отишол да му помогне на пријател, а заглавил со 800 килограми дрога и во затвор


Мојот сопруг невин лежи во затвор во Тирана под сомнение дека е вмешан во трговија со дрога. Замина за Албанија да му помогне на пријател, а заглави со 800 килограми марихуана пронајдени во камионот што тој го возеше. Од чесен возач го направија трговец со дрога. Ова за Дневник го тврди Анета Мучова, сопруга на Панде Мучов, кој во почетокот на март беше уапсен во Драч

droga makedonecТој мислел дека пренесува зимница – само го превзел камионот. Според сопругата на Панде, сопственикот на фирмата за која работел нејзиниот сопруг побарал Панде да го вози камионот од Албанија за Швајцарија бидејќи тој од некои лични причини не можел да го стори тоа. Според судските документи, сопственикот на фирмата на 1 март го пренел камионот од Македонија до Елбасан, Албанија.

Таму се сретнал со Панде и заедно заминале за Драч, преспале една ноќ, а потоа газдата му рекол дека тој треба да го однесе камионот до крајната дестинација. Сепак, Панде не стигнал дотаму. По неговото апсење полицијата утврдила дека контактирал со сопственикот преку телефонските броеви од мобилниот, по што и газдата на фирмата е уапсен.

Уапсениот Панде не знаел ниту што има во камионот, а сега е во затвор за шверц на дрога.

Целата сторија на – Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1