Македонскиот конзул во Шпанија останува во болнички притвор


Судот од Кејп Таун, Јужна Африка, за следната недела го одложи поднесувањето на обвинението против 48-годишниот стоматолог, Марио Цесар Деус Јела, почесен конзул на Македонија во Шпанија, кој беше уапсен во оваа африканска држава под обвинение дека ги убил своите две деца, тригодишните близнаци Максима и Октавио.konzul spanija

До тогаш тој останува во болнички притвор. Неговиот адвокат вели дека неговиот клиент мора да биде во болница бидејќи имал сериозни повреди во стомакот. Почесниот македонски конзул бил уапсен минатата недела.Тој и децата биле на одмор во Јужна Африка. Според јужноафриканската полиција, тој е обвинет за две дела. Првото е за двојно убиство, а второто за кражба на автомобил.

Телата на убиените деца, според истражителите, ги пронашла нивната мајка и поранешната сопруга на почесниот конзул, Јулија Енгелхолм, во изнајмен стан во населбата Принцес Роуд. Причината за смртта на близнаците се уште не е утврдена. Полицискиот портпарол, потполковник Андре Траут, за медиумите изјавил дека со возилото избегал од Принцес Роуд, по што бил уапсен во градот Винберг.bliznacinja konzul

Според пишувањето на јужноафриканските весници, Марио Цесар Деус Јела наводно се обидел да се обеси откако бил притворен, но таа вест официјално не е потврдена од надлежните органи. Својот став по однос на обвинителниот акт тој ќе го даде пред судијата во окружниот суд во Вингер најрано в понеделник.

Неговиот адвокат Вилијам Бут тврди дека Марио Цесар Деус Јела е под полициска заштита во објектот каде што се наоѓа, а моментално лекари го проверуваат неговото здравје.

Брачниот пар се разделил во ноември, минатата година. Двајцата родители имале заедничко старателство. Од декември до јануари децата биле со таткото во Шпанија, а потоа тргнале на тринеделен одмор во Јужна Африка.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија соопшти дека преку Амбасадата во Мадрид е побарана верификација на информациите објавени во шпанските медиуми за наводно апсење на почесниот конзул на РМ во Барселона, Марио Деус, обвинет за убиство на двете малолeтни деца, од Министерството за надворешни работи и Министерството за внатрешни работи на Кралството Шпанија.

„По добивање соодветни информации ќе бидат разгледани опциите за одземање, односно задржување на неговиот статус почесен конзул на РМ во Кралството Шпанија“, информираат од МНР.

Улогата на почесен конзул е поразлична од таа на конзул од кариера, функција која во Шпанија е исклучиво резервирана за дипломати.

Почесните конзули, пак, најчесто се бизнисмени или претприемачи. Почесниот конзул, кој ја претставува земјата во области каде таа има мала присутност и влијание, најчесто е државјанин на друга земја и треба да има добри контакти со властите и бизнис секторот во земјата каде ја обавува таа функција. Може да биде почесен конзул на две или повеќе земји истовремено.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1