На Меѓународниот џудо турнир “Младост Европе”, што се одржа во Ниш, Србија македонските каратисти освоија десет медали од кои два златни, шест сребрени и два бронзени.
На меѓународниот џудо турнир “Младост Европе” кој се одржа во Ниш, Србија настапија преку 485 џудисти од преку 39 џудо клубови од Србија, Бугарија и Македонија.
Македонските џудисти се претставија во одлично светло, вкупно освоија 10 медали од кои два златни, шест сребрени и два бронзени. Конкуренцијата беше одлична, 2/3 од категориите беа со по 25 до 33 натпреварувачи, секој носител на медал имаше по четири до шест борби.
Ова е веќе петти турнир од меѓународен карактер на кој нашите џудо клубови оваа година земаат активно учество.
На натпреварот постигнати се следните резултати:
Хусени Резарт 2 место Помлади пионери 30 kg. Џудо Клуб Ипон 2.
Јашари Хамза 2 место Помлади пионери 38 kg. Џудо Клуб Ипон 3.
Петреска Ивана 3 место Јуниорки 78 kg. Џудо Клуб Сеишин 4.
Јаковлеска Валерија 2 место Јуниорки 52 kg. Џудо Клуб Сеишин 5.
Најдоска Александра 1 место Пионерки +63 kg. Џудо Клуб Сеишин 6.
Трајкоски Тале 2 место Пионери 38 kg. Џудо Клуб Сеишин 7.
Пашоски Бојан 2 место Помлади пионерки 60 kg. Џудо Клуб Сеишин 8.
Наазимова Саадије 2 место Пионерки 48 kg. Џудо Клуб Сенсеи 9.
Костов Ратко 1 место Пионери 42 kg. Џудо Клуб Сенсеи 10.
Вељаноски Андреј 3 место Помлади пионерки 25 kg. Џудо Клуб Дрим
„Меѓународниот турнир во Ниш беше критериумски за селектирање на нашите џудисти, претстојат уште вакви турнири каде ќе мораме да земеме учество, а се со цел подобрување на формата на нашите спортисти пред претстојните балкански првенства“, велат од џудо федерацијата.
На меѓународниот џудо турнир ” Младост Европе ” кој се одржа во Ниш, Србија учество зедоа вкупно 28 џудисти, од следните џудо клубови: ЏК.Кодокан, ЏК.Дрим, ЏК.Варадар, ЏК.Сеишин, ЏК. Сенсеи и ЏК. Ипон.