Концертот наречен „Да се сплотиме во хуманоста“ кој е организиран од Министерството за култура ќе се одржи во четврток (22 мај) во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 19 часот, а средствата од билетите кои се цена од 150 денари и се во продажба од денеска, ќе бидат наменети за граѓаните од загрозените региони во Србија и БиХ.
На концертот ќе настапат Калиопи, Тамара Тодевска, Тијана Тодевска, Ламбе Алабаковски, Каролина, Димитар Андоновски, Виолета Томовска, Бени Шаќири, Дани, Некст тајм, Миле Кузмановски, Гиш, Ефто Пупиновски и други познати музички имиња од македонската естрада.
Исто така, од утре сите театри и Македонската опера и балет организираат претстави и опери а средствата од картите исто така ќе бидат наменети за погодените во Србија и Босна, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.