Македонци избоделе момче во срце во Босна


Приведени се две момчиња и една девојка од Македонија. На крвавиот инцидент му претходела улична расправија меѓу туристите и локалците

Тројца Македонци се најдоа на насовните страници на босанските медиуми, поради свирепо убиство на момче во Босанец, кое со нож било прободено директно во срцето. На убиството, како што пишуваат тамошните медиуми, му претходела жестока улична расправија на две групи во Какањ, Босна, најверојатно поради расправија за девојка.

76F3AF58AA1E864891FA562E0D38CB81Според првичните информации, босанската полиција ги привела осомничените за убиството – С.Ј (28), А.В.(27) и 30-годишна девојка Ј.С. од Македонија, кои најверојатно како туристи престојувале во Босна и Херцеговина. Откако дале исказ, веднаш се предадени на надлежниото обвинителство во Зеница. Истрагата за убиството е во тек.

Очевидци тврдат дека завчера после полноќ на улицата Алија Изетбеговиќ најрпво се случила расправија меѓу трите момчиња од Македонија и двајца локални жители. Во еден момент, како што раскажуваат очевидци на настанот, еден од Македонците извадил нож и го пробол во срце момчето од Илијаш, кој паднал на лице место мртов. По десетина минути избоденото момче било пренесен во Здравствениот дом во Какањ, каде што дезурниот лекар само ја констатирал неговата смрт. Вториот нападнат Босанец, на возраст од 34 години, бил избоден во вратот и во пределот на плешките.

“Тој откако бил избоден паднал на земјата, а еден од полицајците кој дотрчал на местото на убиството, на раце го однел повредениот во Здравствениот дом, од каде го префрлиле на лекување во болницата во Зеница”, пишуваат босанските медиуми.

На повредениот му биле извршени три операции, по што е испратен на лекување во сараево. Според последните информации, тој се наоѓа вон животна опасност.

Веднаш по пријавата за крвавиот инцидент, босанската полиција привела двајца од осомничените за убиството

Според информациите од босанската полиција, првите дојави за убиството стигнале на 26 август, околу полноќ, кога повеќе граѓани телефонски известиле за тепачката која се случила на улицата Алија Езетбеговиќ.

Веднаш на лице место биле испратени полициски патроли кои на местот на убиството забелешале три лица кадо бегаат, додека на улицата имало две повредени момчиња. Од босанската полиција информираат дека бика бил извршен увид на местот на убиството, а била направена и обдукција на телото на починатиот, чиј идентитет се уште се утврдува.

utrinski.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1