Македонци, не жалите што немате море, Охрид е поубав од Егејот!


Македонците не треба да жалат што нивната земја не завршува во солените води на Егејското Море. Охридското Езеро е целосно соодветна замена. Оваа констатација стои во статијата Низ Македонија до блескавиот Охрид” на чешкиот регионален портал Деник”. Текстот е илустриран со фотографии од зајдисонцето во Пештани, пристаништето во Охрид и гробиштата на дервишите во дворот на комплексот Арабати баба теќе во Тетово.

ohridВо написот авторот на читателите им ги претставува македонските предели кои ги посетил, нарекувајќи го Охрид богата блескава ризница на Македонија. За центарот на писменоста и културата на словенските просветители авторот вели дека се уште живее во духот на старата традиција. За него, меѓу сите светилишта јасно се издвојува живописната црква “Св. Јован Канео” изградена на карпест рид, од каде што вели дека се отвора неверојатен поглед кон сината езерска површина.
– Со пријатен ветер што пирка на плажите можете брзо да фатите бронзена боја на кожата, а езерската вода е толку чиста што дното на езерото може да се види дури и на длабочина од четириесет метри. Совршената илузија на крајбрежниот регион е крунисана со околната вегетација и бучното шеталиште во центарот на Охридското пристаниште кое е полно со луѓе до доцна во ноќта. Не е чудо што Охрид е дестинација за посетителите од целиот свет – се забележува во текстот на чешкиот Деник”.

Понатаму репортажата за убавините на Македонија продолжува дека веднаш над Охрид се издига планинскиот гребен Галичица, прекрасно место за еднодневна тура, а авторот го препорачува Преспанското Езеро и планинските масиви Пелистер, Шар Планина и Кораб.

ohridski-maraton3– Кој ќе поминува низ Македонија, му препорачувам да застане блиску до градот Градско, каде што веднаш до автопатот, археолозите откриле дел од исчезнат античкиот град Стоби – вели авторот додавајќи дека Македонија дефинитивно ќе ги возбуди љубителите на историјата.

Наведувајќи го македонскиот национален портал еџплорингмацедониа.цом и страницата на фондацијата “Тиквешки пат” тиквесњинероуте.цом на читателите им се претставува мегалитската опсерваторија Кокино, поставена на врвот Татиќев камен, во североисточна Македонија и развиениот вински туризам.
– Православната уметност во Македонија ја презентираат десетици манастири, меѓу кои и познатиот комплекс “Свети Јован Бигорски” во кањонот на реката Радика, или пак, еднакво убавите цркви и манастири расфрлани на двете страни на кањонот Матка, во близина на главниот град Скопје – набројува авторот уште македонски знаменитости.

tetovo

Со поднаслов Тетово – полно со тајни”, понатаму се вели дека во овој град најинтересни се исламските споменици во Македонија, а локалната џамија плени со фасцинантна поплава на орнаменти во боја.

– Секој квадратен метар на фасадата е украсен со прекрасен декор и неверојатна комбинација на живописни нијанси на бои кои ги достигнуваат највисоките димензии во внатрешноста на објектот. Уште повпечатлива мистерија се отвора зад високиот ѕид на комплексот Арабати баба теќе, каде што лежи духовниот центар на мистериозното дервишко братство бекташи” – опишува авторот.
– Сите потекнуваме од Адам и Ева, ми го објаснува односот на бекташите кон христијаните, Абдулмуталиб Бекири, харизматичниот претставник на центарот, додавајќи дека во исто време кога го сакаш човекот, го сакаш и бога” – ја завршува авторот репортажата.

Vecer.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1