Македонци повредени во Србија, на едно дете ампутирана раката


Четиричлено семејство од Велес денеска околу 13 часот доживеало тешка сообраќајна несреќа, излетувајќи од аптот кај Јагодина, пишува српски „Блиц“.

soobrakjajka sudirСите членови на семејството се надвор од животна опасност, но поради повредата на тригодишното дете му е ампутирана раката и е пренесно во Институтот мајка и дете во Белград.

-Поради повреда на главата, четиригодишното дете е хоспитализирано на неврохирургија и со него е таткото кој минал со полесни повреди, вели за Блиц доктор Мома Јовановиќ, додека како што пренесуваат српските медиуми, мајката е упатена во Клиничкиот центар во Ниш.

Причините поради кои автомобилот со македонски таблички, движејќи се во правец кон Белград излетал од патот се уште се истражуваат, но како што пишуваат локалните медиуми најверојатно грешка на возачот и неприлагодената брзина на движење на условите на патот ја предизвикале несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1