Македонци “заробени“ на грчката граница- мрзнат 24 часа


Гладни и смрзнати повеќе  од 24 часа чекаат пред грчката граница за да влезат во земјава. Македонските транспортери се оставени на милост на грчките граничари, кои не ги пуштаат да се вратат во својата земја. Не им даваат ниту информации а не кажуваат ниту кога ќе заврши нивната неизвесност.  Ваквата состојба се репризира неколку години, велат тие, пренесува Сител.

Стравуваат дека од неколкучасовното чекање ќе има голема материјална штета  бидејќи  транспортираат  роба која е лесно расиплива.

granica guzva bogorodica

Од асоцијацијата на транспортери макамтранс за Сител велат дека, никој од членовите нема пријавено дека товарните возила се заглавени кај грчката граница за влез во земјава, вели Муратовска, ги советува дека треба да пријавуваат вакви случаи.

– „Сите наши членки што се на мактранс задолжително е да не информираат зато што ако не не информираат ние не знаеме дека имаат проблеми. како прво, во врска со проблемот што сега го кажавте значи кај нас во канцеларијата ни вчера ни денеска немаат досатевно некоја информација или барање за помош. Второ, основно кога се работи за друга држава треба да се обратат на амбасадата на таа држава да побараат помош и да кажат во што е проблемот.

Негогаш постојат објективни технички проблеми, меѓутоа некогаш постои човечки фактор едноставно не сакаат да работат и се ствараат гужви.“

Транспортерите кои имаат проблем можат да се јават на 197 за да види кој е проблемот. Членовите  на макамтранс треба   само да  се јават во асоцијацијата , а оттаму ќе  превземат мерки. Оние кои не се членки треба да се обратат во МНР, Царинската Управа или македонската амбасада во Грција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1