Вкупно 119.000 евра до овој момент донираа Македонците на телефонскискиот број за помош на граѓаните кои настрадаа во поплавите.
Ова е последната информација што за „Телеграф“ ја потврдиле од Црвениот крст на Македонија. Тоа значи дека донацијата во пари практично е удвоена за неполн еден ден, бидејќи до вчера вечер беа собрани 60.000 евра.