Македонците ги растурија Грците


Македонската младинска ракометна репрезентација по вчерашната победа над Италија вечерва ја ,,растури,, Грција со 30:22 во квалификациите за пласман на Европското првенство за младинци во Австрија.

rakomet mladi

Носени од публиката македонските ракометари стигнаа до вредна победа која ги однесе на чекор до пласманот на Европското првенство.

Избраниците на селекторот Зоран Петковски, одиграа беспрекорно во одбраната која ја предводеше одличниот голаман Филип Ивановски. Нападот, во поголемиот дел од мечот го предводеа Филип Талевски и Мартин Манасков.

Талевски постигна седум, Манасков пет, а по три гола реализираа Јован Талевски, Дрогишки, Маџовски и Поповски.

В недела ќе се одигра последното коло во кое Македонија ќе игра со Исланд од 19 часот, а претходно ќе се сретнат Грција и Италија.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1