МАКЕДОНЦИТЕ ГОДИШНО ТРОШАТ 97 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЦИГАРИ


Македонците годишно трошат неверојатни 97 милиони евра за цигари, покажуваат грубите пресметки што ги направи Факултети.мк. Тоа значи дека секој ден граѓаните трошат вкупно 266.000 евра само за да купат цигари.cigarettes

Според Институтот за јавно здравје, за сите анализи кои се прават на оваа тема се користат податоците добиени од релевантни истражувања спроведени во странство и објавени во странски стручни трудови и публикации.

Според информациите што се објавуваа во странски публикации, бројот на пушачи со години е ист, односно не е променет од 1986 година. Според истражувањето што го спроведе американскиот Институт за метрика и евалуација на здравството, дури 37 отсто од населението во Македонија се пушачи, со што нашата земја е на врвот во Европа според бројноста. Тоа значи дека околу 740.000 граѓани од земјава пушат. Интерната статистика на Институтот за јавно здравје, пак, покажува дека во земјава годишно се пушат по 2.310 цигари по глава на жител. Односно, секој пушач годишно купува 115 кутии цигари. Доколку се земе просечна цена на кутија од 70 денари или 1,13 евра, тогаш излегува дека секој жител на Македонија годишно троши 131,08 евра за овој порок. Годишно, за купување цигари во земја се трошат 97 милиони евра или дневно околу 266.000 евра.

Иако процентуално според бројот на пушачи Македонија е на врвот, интересно е дека според бројот на испушени цигари по жител не сме лидери во регионот. Апсолутни рекордери се Србите кои годишно пушат по 2.861 цигара по жител, односно дневниот трошок за цигари во оваа земја изнесува 4,1 милион евра. Во другите земји од регионот, Словенците пушат 2.369 цигари годишно по жител, Босанците 2.278, а Хрватите 1.621 цигари годишно.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1