Македонците имаат секс од 15 години, ама не се информирани за ништо!


Мала свесност, безгрижност и неинформираност меѓу тинејџерите за користењето на кондоми, сексуалната зрелост и одговорност. Ова се заклучоците од анкетата што ја спроведе Дурекс, производителот на кондоми меѓу младата популација.

seks1Истражувањето се спроведе со цел да се добие појасна слика за сексуалната свесност кај младата тинејџерска популација пред влегување во возраст со активна сексуалност.

Резултатите од анкетата покажаа дека 62% од вкупниот број на испитаници одговориле потврдно на прашањето дали користат кондом при сексуалниот чин. Сепак дадените одговори упатуваат на очигледна безгрижност и голем процент на неинформираност.

Исто така анкетата покажа дека тинејџерите информациите за употребата на презервативи ја добиваат од интернет 54%, информации прекажани од кругот на пријатели 27%, 17% се информирале од другите медиуми, а 2% информациите ги добиле од разговор со родителите. Додека пак само 5% од испитаниците информациите ги добиле од доктор, што укажува на потреба од спроведување на едукација и пренесување на младите релевантни и точни информации.

Анкетата беше спроведена меѓу тинејџери од 15 до 18 години во повеќе скопски средни училишта со различен сoцијален е едукативен профил, медицинско, економско, хемиско, гимназии и во различни делови од градот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1