Македонците, се нација која според овој институт има во најголем дел антички ген, дури 30%. Потоа се 20% Теутски (Тевтонски, старо германско племе), и по 15% словенски и хеленски корени. Нашиот ген, помеѓу останатото, содржи и 10% илирски корени. Според бројките, Македонците најмногу ДНК сличности имаат со Грците и Србите, а нагласени разлики со Бугарите и Албанците.
СРБИ, кај нив најмногу – 30% има словенски корени, а потоа 21% илирско потекло. Овде треба да се има резерва во илирскиот дел на генот бидејќи истражувањата се почнати во време кога Косово се сметало за дел од Србија, па околу 8% од покажаните 21% илирско потекло отпаѓа на косовските Албанци. Интересно е дека овие ДНК резултати покажуваат релативно мала генетска сличност на Србите и Хрватите кај кои освен словенското потекло од 20% доминира ДНК на Илирите со 34%, и далечните Келти со 18% удел во хрватскиот етнички ген.
АЛБАНЦИ, тие се според етничката ДНК во најголем дел Илири, околу 30%, а потоа 20% Словени и 18% Тракијци. Изненадувачко за националстите и приврзаниците на “чисти“ народи е дека Албанците имаат многу повеќе словенско потекло од Македонците. Тие според овие ДНК резултати се повеќе слични на Бугарите и Хрватите, отколку на Македонците, Србите или Грците.
– “Потеклото и етничкото наследство се сложени теми и области. На прв поглед ова истражување површно гледано потенцира разлики на одредени етнички групи. Меѓутоа, стручно гледано резултатот го кажува спротивното, дека нема чисти нации “, изјавила извршниот директор на институтот ИГЕНЕА Имна Пазос за НИН.
-”Ги анализиравме генетските карактеристи на племињата од денес до далечното минато, а не политичка или историска патека на тие племиња. Тоа е исклучително важно да се направи разлика меѓу генетиката, историјата или антропологијата. Сите овие научни гранки можат да бидат од заедничка корист, но генетиката не може да ја потврди теоријата која е променлива зависно од времето и потребите. Бројките кои ги добивме претставуваат просек на сите студии, согласно податоците и примероци кои ги собравме. Ние не покажуваме гени, туку профили и след на факти и сличности низ долгата историја. “, објаснува Пазос.
Во графичкиот приказ се објавени резултати за народите од поранешна Југославија и Албанија.
Но, ако се погеледнат резултатите од истражувањето и за соседните народи ќе се види дека само 5% од потеклото на денешните Грци е античко, наспроти 30% античкото потекло на Македонците. Грците се доминантно хеленски народ со 30% хеленски ген, и околу 20% словенско и феникиско потекло.
Бугари кои толку многу се повикуваат на своето словенско потекло, според оваа студија, дури 49% се Тракијци, народ со индоевропско потекло кое доаѓа од Турција, Романија и северна Грција, а има големо генетско влијание од освојувачките татарски племиња. Словени се само 15%, а хеленско и античко потекло имаат 11%. Остатокот се Феникијци.
Генетскиот профил на Турција е составен од девет племиња. Феникијци, Бербери, Хелени, Тевтонци, Словени, Арапи, Евреи и Илири. Русите се доминантно, над 50% Словени, додека етничкитеГерманци кои војни водеа за чистотата и доминацијата на своето потекло, се 45% Келти, 25% Тевтонци, 20% Словени и 10% Евреи.