Македонците во Истанбул загрижени, не можат да добијат никого од МНР


Македонските граѓани заглавени во Истанбул се во паника, но не можат да добијат никого на телефонскиот број на МНР кој е оставен на веб страната со назнака дека работи 24 часа. Во НОВАТВ се јавија роднини и пријатели на граѓани затекнати во Турција среде воениот удар и од новинарите бараат помош како да ја исконтактираат амбасадата.turcija-ankara-puc-tocka-2016-04

„Нема ниту едно соопштение на македонските медиуми од Министерството за надворешни работи, нема ни на нивната веб страница, не се јавува никој на нивниот дежурен телефон, не знаеме што да правиме, мојата пријателка е таму со мало бебе, а авиони не летаат“, вели граѓанка за НОВАТВ.

Владите на странски земји веќе упатуваат пораки за безбедност за нивните граѓани затекнати во Турција. Летовите се пренасочуваат, а аердромите во Истанбул и Анкара се затворени.

Од скопскиот аеродром за НОВАТВ велат дека следните летови од Истанбул кон Скопје и обратно се во 09:25 односно во 08:30, но тие засега не добиле официјални информации од авиопревозникот дека се откажани. Засега летови откажа Луфтханза, Свисарлајнс, Аустриан и други.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1