На фотелјата на досегашната директорка Мими Ѓоргоска – Илевска во Агенцијата за филм ќе седне Горјан Тозија, дознава Макфакс.
Според порталот, причините и за оваа промена се бројните индиции за неправилности во работењето и „чудни“ и скандалозни одлуки во креирање на политики во домашната кинематографија од Ѓоргоска – Илиевска.
Тозија како продуцент или копродуцент е потпишан зад 60 филмски остварувања, меѓу кои работа со светски продукции од Холивуд, Би Би Си.