„Макстил“ прекинува со работа, „Југохром“ бара уште две години


 „Макстил“ согласно предвиддените обврски за реализација на оперативниот план за воведување еколошки стандарди од денеска го прекинува производството во погонот „Челичарница“. 

Како што информираат од компанијата производството ќе биде прекинато во погонот се до ставање во целосна функција на новата филтерска постројка. zelezara_zagaduvanje makstil

– Во претстојниот период ноември 2014 до јануари 2015 следува завршната фаза од реализацијата на проектот нова филтерска постројка. Таа опфаќа монтажа и поврзување на новата постројка со постоечките инсталации. Од средината на декември 2014 до средината на јануари 2015 следуваат ладни и топли проби, по што погонот Челичарница повторно ќе биде активиран, а ќе работи по најстрогите европски норми за емисии на издувни гасови во амбиенталниот воздух, појаснуваат од компанијата.

Производството во погонот Валавница, односно испораката на лимови и задоволувањето на обврските кон купувачите ќе продолжи непречено со полуфабрикат (челични слабови) набавени од увоз.

– Остануваме на нашата обврска за информирање на јавноста и во наредниот период.

Денеска истекува продолжениот рок за имплементација на еколошките стандарди за компанијата Макстил и Југохром од Јегуновце, што ги добија од Владата во април годинава. Југохром вчера достави ново барање за пролонгирање на рокот за воведување на стандардите за две години, велат за МИА од Министерството за животна средина и просторно планирање. Барањето треба да разгледа денеска Владата на седница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1