Мактел дојде до ексклузивни информации дека нов министер за надворешни работи ќе биде Артан Груби, досегашен шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети и негов најблизок соработник. Артна Груби беше кандидат на ДУИ за градоначалник на Скопје а се прослави со немирите на кале околу црквата кога како лидер на невладината “Разбуди се” на лице место во сред тепачка со комитите ослободуваше уапсени албанци од страна на полицијата.
Како дел од владината рокада од министерската позиција во Министерство за Одбрана ќе замине Талат Џафери а на негово место ќе дојде пратеникот Антонио Милошоски, пишува порталот.
Според нив видливо е дека ДУИ сака да превземе поагилна улога во надворешните активности, самиот лидер на ДУИ беше во регионална турнеја по балканот и разговараше за отворените прашања со соседите.
Министерувањето на Талат Џафери се покажа дека било краткотраен мерак за ДУИ да поентира пред своето членство и дека на долг рок сепак ДПМНЕ не се откажува од овој ресор како начин на билдање на национализам. Владата изненади со најава за поголеми инвестиции во ова министерство, се најавија и авиони и хеликоптери. Очигледно се проценило дека ова ќе им донесе многу политички поени кај народот.
Повеќе на – Мактел