Мала измамничка: Си нарачала играчки додека мајка и спиела


Бетани Хауел од Арканзас гледала филм заедно со ќерката Ешлинд кога и се приспало. Таа прилика ја искористила шест годишната Ешлинд.

Кога сопругот ја прашал Бетани зошто потрошила 200 долари купувајќи преку „Амазон“, таа била збунета.eslind-igracki

Мислеле дека хакери успеале да ги земат нејзините податоците и нивните пари.

Меѓутоа кога виделе дека парите се потрошени на играчки, и тоа покемони кои нивната ќерка ги обожува, се посомневале дека виновникот живее со нив.

Ја прашале малата Ешлинд дали таа купила играчки, па девојчето сè признало.

-Да, мама. Јас купив играчки. Но, не се секирај сите ќе дојдат рекло девојчето.

На прашањето како успеала да го отклучи телефонот на мајката, девојчето рекло: „Го земав твојот палец“.

Родителите морале да и објаснат некои работи, но Ешлинд сепак на крај ги задржала играчките како новогодишен подарок од родителите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1