Малолетна скопјанка грабната од поранешното момче


Шеснаесет годишно девојче од Скопје вчера утрината било грабнато од поранешното момче.

Случајот во полиција го пријавила мајката на девојчето изјавувајќи дека таа и нејзината сестра, исто така малолетна, утрината околу 7 часот се шетале со двајца пријатели во близина на Сити мол.

-Во еден момент застанал автомобил „Голф“ од кој излегол Ј.А. кој порано бил во љубовна врска со една од сестрите, ја фатил за коса и насилно ја внел во возилото, по што заминале, информираат од полицијата.

По пријава на случајот девојчето било пронајдено во домот на Ј.А.

Полицијата презема мерки на целосно расчистување на случајот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1