Малолетно девојче од Гостивар вчера исчезнало, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, вчера во 15.00 часот во Полициската станица Гостивар, И.П. (49) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 09.00 часот, неговата 15-годишна ќерка излегла од дома за да оди во продавница и не се вратила.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.