Малолетници си играле: Две експлозии во станбени згради во Гостивар


Вчеравечер околу 22,30 часот во ПС-Гостивар била пријавена експлозија на ул.„Панче Попоски“ зграда бр.2 во приземјето од станбениот објект. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници во приземјето било пронајдено пластично шише со непозната течност со остар мирис и парчиња од алуминиумска фолија.police-lenta-500

За време на обезбедувањето на лице местото во непосредна близина од соседната зграда се слушнала уште една детонација, при што биле забележани две лица како со трчање се оддалечуваат.

Од страна на полициските службеници кои го обезбедувале местото биле преземени мерки за пронаоѓање на лицата. Истите се пронајдени и од извршената проверка на идентитетот констатирано е дека се работи за две малолетни лица на возраст од 16 години од Гостивар.

Против истите ќе бидат преземени мерки од областа на ЗППЈРМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1