Малолетно девојче вечерва во скопско Драчево се обидело да си го одземе животот пиејќи отровна течност, јавува А1 он повикувјаќи се на очевидци.
Според информациите на порталот, девојчето седело во паркот на градинката во населбата со своите другари кога ја испило отровната течност. Тие веднаш повикале Брза Помош, по што девојчето итно било префрлено на Клиниката за Токсикологија. Нема информации каква е нејзината здравствена состојба.
На терен изглела и полициајта која извршила увид.